Мега апсење: Паднаа 364 лекари и фармацевти во најголемата акција на Балканот
364 лица од Хрватска ќе одговараат кривично во најголемата криминална афера на Балканот. Најголем дел од нив се лакари и вработени во фармацевтска компанија во Хрватска. Локалната управа за борба со организаран криминал до судот во Загреб подигна обвинение во кое стои дека осомничените поткупувале доктори за да им препишуваат на пациентите лекарства од компанијата Фармал. Првоосмничен е претседателот на управаа на Фармал, Дражен Деди, а пред законот ќе одговараат и финансиските директори, регионалните шефови како и лекарите кои примале мито. Полицијата во Хрватска акцијата ја води под името Хипократ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа