Мицкоски: Очекувам инвестициски бран од над милијарда евра

 


Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарското прашање дали очекува раздвижување на македонската економија со мерката 250 милиони евра за домашните компании рече дека очекува задвижување.

Ова е една поголема, сеопфатна стратегија. На вчерашната владина седница беше донесена оваа одлука, односно договорите кои што треба да значат сега административно поврзување и создавање партнерство помеѓу развојната банка и комерцијалните банки веќе е одобрен од страна на Владата и очекувам таа формалност деновиве да биде завршена и веќе ќе можат компаниите и економските оператори да аплицираат и да добијат европски најнизок кредит, истакна Мицкоски.

„Очекувам ова да помогне, да создаде инвестициски бран од минимум 300 милиони евра. Потоа проектите во општините кои што се еден инвестициски бран, реализирање на капитални инвестиции од 250 милиони евра, тука би ги додал и надворешните вложувања, странските инвестиции кои очекувам да натфрлат една милијарда со што ќе бидеме по глава на жител и по поцент од БДП најдобри во регионот- повторно да се вратиме по тие патеки“, додаде Мицкоски.

29.01.2025 - 12:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега