ВМРО-ДПМНЕ: Се расплетува мрежата на мафијата на смртта која ја создадоа СДС и Филипче
Додека Филипче и СДС се обидуваат да глумат загриженост, мрежата на мафијата на смртта која тие ја создадоа и одржуваа, конечно се расплетува. Тоа не се обични пропусти – тоа е свесно дозволување луѓе да умираат за некој да ќарува. Ова не е политика, ова е чист криминал!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и нивниот министер за здравство со години дозволуваа профити да се вадат на грбот на најтешко болните, додека во исто време купуваа мебел, коли и трошеа милиони на луксузни патувања. Во здравството оставија недостаток на терапија, хаос во клиниките и систем кој ги принудуваше граѓаните да молат за донации за да преживеат.
Ги прашуваме СДС и Филипче – со кои факти ќе се соочите? Фактот дека луѓе умираа додека вие носевте одлуки што директно го загрозуваа нивниот живот? Или фактот дека вашиот систем заработуваше на сметка на болката и страдањето?
Вистината е јасна – Филипче и СДС беа незаменлив дел од мафијата која ги уништи животите на стотици граѓани. Вие не сте загрижени за здравјето на граѓаните – вие сте загрижени дека правдата конечно ќе ве стигне.
Оваа Влада нема да дозволи мафијата на смртта да продолжи да функционира. Сите одговорни, без разлика на функцијата, ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа