Берово мрзне - Ова се најстудените места утрово низ Македонија

 

Македонија и утринава мрзне, а најниска температура е измерена во Берово. Во Берово се измерени -6 степени, -4 било на Попова Шапка, -3 во Битола, Прилеп и Струмица, -2 во Лазарополе, Виница и Тетово, -1 во Крива Паланка.

Нула степени се измерени во Кавадарци, Крушево, Куманово, Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија, 1 во Демир Капија, Штип, Маврови Анови, Претор и Дебар, 2 во Охрид и Велес.

Висината на снежната покривка во седум часот утрово била 47 сантиметри на Попова Шапка, 38 во Маврови Анови, 20 во Крушево, 13 во Битола, 5 во Тетово, 2 во Берово, 1 во Штип.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди почести во источниот дел и со слаб југозападен ветер. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност која во текот на денот ќе слабее. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно и тивко со појава на магла која во средината на денот ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Според УХМР, во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура особено на планините. По котлините ќе се задржи магливо и постудено со пониска дневна температурата. Постојната снежна покривка значително ќе се намалува од крајот на работната недела. 

23.01.2025 - 09:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега