Огномет и многу музика - еве кој ќе ги забавува прилепчани за најлудата ноќ во годината
За најлудата ноќ во годината прилепчани ќе ги забавуваат Ламбе Алабакоски и Викторија Лоба. КАко што денеска најави градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески на прес-конференција, прославата ќе започне 10 часот претпладне во вторник на 31 декември со програма за најмладите.
- На програмата дента ќе настапат младите со песничките од фестивалот „Свездички“, пота од 13 часот ќе настапи „Слаткаристика“, изјави Ристески.
Градоначалникот најави дека забавата ќе продолжи вечерта во 22 часот со настапот на познати музички имиња: групата „The Hounds“, од 23.00 часот, прилепчани ќе ги забавувааат Ламбе Алабакоски и Викторија Лоба кои на присутнитеи ќе им посакаат Среќна Нова година.
- На полноќ и во првите мигови во Новата 2014 година ќе влеземе со богат огномет и весела атмосфера затоа ги поканувам уште еднаш сите на заедничка новогодишна забава на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во центарот на Прилеп, рече Ристески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа