Поднесе отставка директорот на српската даночна администрација
Иван Симиќ директорот на српската даночна администрација поднесе оставка.
"По долго размислување и анализа на сите случувања во последниот месец, решив да поднесам оставка", рече Симиќ во писмена изјава до медиумите.
Симиќ работата на даночната управа ја оцени како одлична и додаде дека успешно се спроведени многу реформи и дека за прв пат управата подеднаво ги третира сите даночни обврзници.
"Даночната управа оваа година наплати најголем број даноци собрани во историјата на бизнисот “додаде Симиќ.
Toj им се заблагодари на српската влада, поранешниот министер за финансии и економија Млаѓан Динкиќ, за храброста и решителноста да го донесе во Србија, и на актуелниот министер за финансии Лазар Крстиќ кој како што вели му овозможил да ги заврши реформите планирани за оваа година.
Министерството за финансии на Србија соопшти дека до вторник 31 декември ќе објави предлог за именување на нов директор на Даночната администрација.
Симиќ како даночен експерт од Словенија дојде во Србија во август 2012 година како советник на тогашниот министер за финансии, а во февруари 2013 година беше назначен за вршител на должноста директор на даночната администрација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа