Орбан: Трамп ќе започне нов бран на десничарски промени во Европа

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан оцени дека вториот мандат на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе влијае на иницирање на нов бран големи десничарски политички промени во Европа.

Орбан изјави дека за само неколку часа сонцето поинаку ќе свети во Брисел, седиштето на Европската унија, пренесуваат британските медиуми.

„Нов претседател во САД, голема група патриоти во Брисел, голем ентузијазам, па може да започне големиот напад. Затоа ја започнувам втората фаза од офанзивата, чија цел е окупација на Брисел“, изјави Орбан.

20.01.2025 - 14:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега