Романија ги подигна борбените авиони
Националниот воздушен простор на Романија е нарушен за време на ноќниот руски напад врз Украина, а зоната на веројатен влез на беспилотни летала е одредена во близина на границата, во југоисточниот округ Тулча, соопшти денеска Министерството за одбрана во Букурешт.
Романија, која е членка на НАТО, подигна два борбени авиони за да го следат нападот од воздух, пренесува Ројтерс.
Паѓањето на делови од беспилотни летала и нарушувањето на воздушниот простор на Романија се редовна појава во последните година и пол, откако Русија ја нападна украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, наведува агенцијата, пренесува Танјуг.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа