30 години дипломатски односи: Македонија и Азербејџан кон нова фаза

 

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, имаше средба со нерезидентниот амбасадор на Република Азербејџан за нашата држава, Камил Касијев, на која разговараа за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји.

Претседателот Гаши истакна дека независно од тоа што доаѓаме од различни региони, како држави негуваме пријателски односи и имаме добра мултилатернална соработка, поради што тој изрази уверување дека во наредниот период ќе ја продлабочиме и билатералната соработка на повеќе полиња, како што се енергетиката, туризмот, културата, но и зголемувањето на трговската размена.

Претседателот го информираше амбасадорот Касијев дека нашето Собрание има формирано Пратеничка група за соработка со Парламентот на Азербејџан и изрази надеж дека ќе се интензивира комуникацијата меѓу двата Парламента.

Двајцата соговорници разговараа и за можноста за меѓусебна соработка во туристичкиот сектор, но и во областа на енергетиката со цел да се обезбеди поголема енергетска безбедност и независност на сите земји во Регионов.

Амбасадорот Касијев се заблагодари за меѓусебната соработка што како држави ја имаме во меѓународните организации во кои заедно членуваме.На средбата беше истакнато дека оваа година одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Азербејџан, што треба да биде дополнителен мотив за унапредување на меѓусебните односи.

16.01.2025 - 16:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега