Детска клиника: Детето почина по неполни два часа, донесено е во многу тешка состојба
Од Детската клиника во Скопје потврдија за МИА дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа.
Како што информираат оттаму, детето било донесено во многу тешка здравствена состојба.
Претходно, од штипската Клиничка болница излегоа со соопштение за смртта на деветгодишното дете.
Како што се наведува во соопштението, детето било донесено на Одделот за детски болести во штипската Клиничка болница на 14 јануари во 18 часот во „тешка општа состојба со засегната свест“.
- Веднаш се реализирани биохемиски иследувања и КТ на глава и поради тешката состојба, со медицинска придружба во 19 часот, истиот ден, детето е транспортирано до УК ДБ - Скопје, се додава во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа