Масовно труење со домашен алкохол во Истанбул - починаа 23 лица, 43 се хоспитализирани

 


Дваесет и три лица во Истанбул починале во рок од 48 часа откако конзумирале домашен алкохол, соопштија вчера турските власти. Најмалку 43 лица се хоспитализирани, од кои 32 се на интензивна нега, соопштија турските власти.

Од почетокот на новата година вкупно 34 лица починале како последица на консумирање домашен алкохол за кој се верува дека причината е метанол, пишува CBS News.

Метанолот е супстанца која често се додава во алкохолот за да се зголеми неговата јачина. Често се користи во нелегално произведени производи наместо етанол, бидејќи е поевтин, според студијата која го истражувала нелегалното производство на алкохол во јужна Турција. Сепак, метанолот може да предизвика слепило, оштетување на црниот дроб и смрт.

Турското Министерство за здравство веднаш не го коментираше случајот.

Труењето предизвикано од домашен алкохол е доста честа појава во Турција, каде приватното производство на алкохол вртоглаво порасна поради зголемувањето на даноците на алкохолните пијалоци. Во 2024 година, 110 луѓе во Истанбул се разболеле откако консумирале домашен алкохол, од кои 48 починале, според владините претставници, пренесуваат медиумите во регионот.

Според написите, претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој е на власт од 2014 година, а претходно беше премиер на владејачката партија, одигра клучна улога во измените на турското законодавство за алкохол. Од 2013 година, Турција ги забрани рекламите кои промовираат алкохол, ги спречува брендовите за алкохол да спонзорираат настани и ги забрани сцените што прикажуваат консумирање алкохол во медиумите.

16.01.2025 - 13:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега