Трагедија на скијалиште во Франција: Почина Британка, маж се здоби со скршеница
Покрената е голема истрага откако 62-годишна Британка почина во француското одморалиште Лес Аркс на Алпите. Таа починала набргу откако се судрила со маж (35) додека скијала, пишува The Guardian.
По судирот жената доживеала тешка состојба на шок. Лекарите се обиделе да ја оживеат, но не успеале. Мажот ја скршил ногата и се наоѓа во болница.
Инцидентот се случил во вторникот наутро, а според локалните медиуми, жена го удрила.
Понатамошната истрага ќе ги открие само деталите за оваа несреќа. Инаку, и двајцата скијале на патека наменета само за искусни скијачи и носеле заштитна опрема.
Статистиката открива дека најмалку десет луѓе годишно умираат во скијачките центри низ Франција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа