Наместо фискална давал бели ливчиња а парите си ги ставал во џеб - еве како си се богател тетовчанец

 

 

27-годишен тетовчанец си заработи кривична пријава за злоупотреба на службената положба. Се работи за Л.И. вработен како инкасант на наплатна рампа Тетово-Гостивар во ЈП за државни патишта кој неколку пати при наплата на патарина на патнички возила наместо фискални билети давал бели ливчиња.

Инкасантот од Тетово, неколку пати  еден ист фискален билет кој не бил подигнат го давал на друго возило, притоа паричните средства од наплатата ги задржувал за себе. 

27.12.2013 - 12:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега