Маларијата зема замав во Албанија-регистрирани 50 нови случаи

 

Во инфективната клиника во Тирана годинава регистрирани се педесет нови лица заразени од маларија, јави дописникот на МИА од Тирана.Заразените лица главно се албански сезонски работници кои доаѓаат од земји погодени од оваа болест.

Како што изјави инфектологот Пелумб Пиперо за една година во клиниката лекувани се 50 нови случаи со маларија. Пиперо нагласи дека сите овие случаи се увезени, дојдени од надвор од албански граѓани кои работеле надвор од земјата. "Секој може да се зарази од оваа болест која повторно се врати во нашата земја и ние сме во карта на СЗО како маларична земја" додава инфектологот .

Тој потврди дека се соочуваат со два проблема. Едниот, според него е немањето лабораториска база за брзо дијагностицирање на болеста ,додека пак вториот проблем со кој се соочуваат како што вели инфектологот е тоа што службата нема никаков медикамент против маларија. Доколку пациентите не дојдат со лек, што не е нормално, ние немаме со што да ги лекуваме, изјави Пиперо.

 Во клиниката во Тирана почина 29 годишно момче од Валона, кое пред десет дена се вратило од Нов Гвинеа каде работело шест месеци.По половина век ова момче е прва жртва на маларија.

Во Албанија, до лани кога беа регистрирани првите случаи, маларијата се сметаше за искоренета болест, зашто последниот случај е регистриран во 1970 година.

27.12.2013 - 10:42
Фото: 
идивиди

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега