Студентите на Правниот факултет во Белград го о исмеваа министерот Радуловиќ

 

 

Дебатата на Правниот факултет во Белград одржана синоќа на тема Закон за труд, за малку ќе се претвореше во тепачка.

За време на излагање на министерот за економија Саша Радуловиќ студентите гласно негодуваа и се потсмеваа на неговите констатации со забелешки дека законот нема да добие „зелено светло“, а по предупредување за однесувањето, за малку ќе се судреа со учесниците на трибината, објави Блиц.

Студенти, но и претставници на разни синдикати меѓу кои и Сојузот на самостојни синдикати на Нови Сад, гласно негодуваа на објаснувањето на министерот Радуловиќ. Со аплаузи даваа поддршка на оние кои гласно ги искажуваа своите ставови против тој закон, наведувајќи дека ги штити само работодавачите давајќи им легална можност да даваат откази и ниски плати како и да ги понижуваат работниците.

Инцидентот се случи откако новинар на Блиц постави прашање за Радолувиќ, а еден од организаторите ги предупреди присутните за однесувањето со што ја предизвика масата и се случи инцидент кој за малку ќе беше тепачка. Министерот Радуловиќ заедно со останатите учесници во дебатата го „искористи метежот“ и веднаш замина од Правниот факултет избегнувајќи одговори на присутните, се додава во извештајот на весникот.

27.12.2013 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега