Започна судењето на штипјанецот кој уби сограѓанин додека беше на викенд отсуство од затвор

Започна судскиот процес против штипјанецот К.М. кој е обвинет за убиството на  46 годишниот Стоиле Максимов, додека бил на викенд отсуство од затворот каде што издржувал затворска казна за друго дело.

Портпаролот на Основниот суд во Штип, Стојан Михов вели дека според статистичките податоци годинава ова е прво кривично дело за убиство, а претходно имаше едно за обид за убиство.

- Карактеристично е што минатата 2012 година, но и 2010 година нема ниту едно кривично дело убиство. Според овие статистички податоци луѓето од истокот не се склони кон извршување на вакви кривични дела, односно да посегнат по нечиј живот, вели Михов.

За потсетување, Стоиле Максимов во месец мај  годинава беше пронајден мртов во неговиот дом во населбата „8-ми Ноември“.

26.12.2013 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега