Гаши по повод католички Божиќ: Упатувам желби и надеж за јакнењето на верската толеранција, соживотот и заедништвото во нашето општество

 


Во духот на најголемиот христијански празник, Божиќ, ми претставува особена чест и задоволство да Ви упатам срдечни честитки, како и најискрени желби за здравје, среќа и благосостојба, истакна Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши во својата божиќна честитка.

„Божиќ е празник на мирот, љубовта и надежта, кој ги обединува луѓето во споделување на хуманите вредности во духот на меѓусебна почит и разбирање. Нека овие празнични денови донесат радост и спокој во срцата на сите католички верници во нашата држава.

Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, упатувам желби и надеж за јакнењето на верската толеранција, соживотот и заедништвото во нашето општество.

Нека светлината на Божиќ го осветли патот на сите граѓани кон поубава иднина исполнета со разбирање, љубов и заеднички успех.

Среќен Божиќ!“, стои во честитката.

 

Африм Гаши

Претседател на Собранието на Република Северна Македонија

25.12.2024 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега