Митева: Имавме тешки седум години наназад
Марија Митева, актуелен портпарол на Владата на Република Македонија, од самото формирање на новата владина гарнитура, позиција која и претходно ја имаше како последна во нејзината матична партија ВМРО-ДПМНЕ.
Митева учествувате во поткастот НИШТО ЛИЧНО со Антонио Димитриевски.
-Од денешен аспект, веруваш ли дека Дедо Мраз може да и донесе на ова мало парче земја, подобра иднина? Што си посакуваш себе си во оваа Новата година 2025 година, што на Македонија, што на овој народ, конечно и на твоите најблиски?
-Тоа што за мене го посакувам, го посакувам и Македонија, да сме живи, здрави и сите на број. Среќа е нешто преголемо, јас сум можам да кажам дека сум презадоволна, затоа што сите околу мене, коишто ги сакам се живи и здрави и сме на број и сакам така да остане и следната година, потенцира Митева.
Таа додаде дека на Македонија и посакувам повеќе напредок во секое поле особено во делот на економијата.
Да помогнеме како Влада максимално колку можеме, да ги придвижиме работите. Имавме тешки седум години наназад. Не чека многу работа, труд, посветеност, но надежта е таа што последна умира, а ние ќе се турдиме да ја оправдаме довербата, изјави Митева.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа