Експлозија во трговски центар во Русија
Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во рускиот град Владикавказ, соопштија локалните служби за итни случаи.
Интерфакс јавува дека експлозијата се случила на третиот кат од трговскиот центар додека вработените подготвувале продавници за отворање.
Експлозијата предизвика пожар, а во моментов околу 800 квадратни метри малопродажен простор е зафатен во пламен, вклучувајќи го и покривот на зградата.
Претседателот на руската Северна Осетија соопшти дека е на местото на настанот, каде што е распореден и оперативен штаб, а во тек е и процесот на гаснење на пожарот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа