Адил се однесувал како крал во судницата

 

Пејачот Адил Максимовиќ стигна на сослушување во судницата за инцидентот во кој ја претепа неговата сопруга само два месеци по породувањето. 

Според податоците на српскиот Курир, Адил се паркирал на местото наменето само за судиите и вработени, и стигнал цели 45 минути порано. 

- Некој очигледно му дал дозвола на Адул да се паркира на местото каде никој друг освен судиите не смее да се паркира. Дури и поголеми и поуспешни лица од него дошле во судот, но ова не му било дозволено на никој. Наочарите за сонце не ги симна од себе и се однесуваше премногу лежерно, вели очевидец за Курир.рс.

Адил си останал на ставот дека ништо не сака да коментира додека не се реши случајот. Тој не прозборел ни збор во судницата, а потоа си заминал.

За потсетување, тој ја претепа својата сопруга во нивниот дом пред три недели по кратка расправија.

 

26.12.2013 - 13:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега