ОНА се пресели во Мала Преспа

Грчката армија испраќа два батаљона на грчко-албанската граница по информацијата која ја добила од Грчката разузнавачка служба дека вооружените инциденти ги извршиле поранешни припадници на ОНА, УЧК и ОВПМБ.

Како што пренесува албанскиот весник „Шчиперија“, ќе бидат испратени засилени воени единици за да ја заштитат 600 километри долгата гранична линија. Акцијата за спречување на вооружените инциденти на границата му е доделена на началникот на Генералштабот на Армијата на Грција, Михалис Kостаракос. 

Според податоците на албанската телевизија „Топ ченел“, од почетокот на наредната година, грчката армија ќе ја чува албанската граница, додека во Преспа грчката војска веќе најавила градба на две караули, а има и засилена полициска контрола.

26.12.2013 - 12:44
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега