Таравари: 1100 вработени во здравството ќе земат решенија
Министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на прашања на пратеничката од Европскиот фронт Дијана Тоска зошто се отпуштени економски директори, и не се вработуваат медицински сестри иако има потреба во здравствените институции одговори дека до крајот на годината решение ќе земат 1,100 вработени по договор на дело во здравството.
Таравари истакна дека проблемите се наследени и дека ДУИ за 22 години власт не успеала да изгради канализациска мрежа во Зајас, а очекува за шест месеци да се изгради Клинички центар.
Тој дополни дека е надминат проблемот со позитивната листа на лекови.
„Шесто специјализанти ќе бидат вработени, 300 оваа, 300 наредната година“, рече Таравари.
Во однос на економските директори, министерот посочи дека пратеничката не реагирала во 2017 кога тој биле дел од Владата и тогаш разрешувале.Ја повика да ги праша лекарите од ДУИ што е направено во болницата во Тетово, Гостивар.
Најави доволно средства за 2025 година и очекува сите да бидат задоволни од резултатите во здравството.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа