Рускоска: Груби направи голема грешка со бегството - можеше да избегне притвор
Поранешната обвинителка Вилма Рускоска во дебатата на Топ тема за случајот со Државна лотарија рече дека смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напушти државата и смета дека „ако останеше овде многу мала беше веројатноста да му се определи притвор“.
Притворот, посочи таа, се одредува по три основи – влијание на сведоци, опасност од бегство и да го повтори делото.
-Ако беше тука која би била таа опасност од бегство, ако му е цело семејство тука и така, да го повтори делото веќе не може, не е на таа функција веќе, а третиот основ остануваше влијание на сведоци, а влијание на сведоци може на други начини да се врши, рече Рускоска.
По поранешниот прв вицепремиер во Владата вечерва беше распишана потерница, како и по поранешниот директор на Државна лотарија Прпетим Бајрами. Двајцата и уште шестмина други меѓу кои и поранешниот премиер Димитар Ковачевски се осомничени за злоупотреба на службена должност и примање поткуп во случајот Државна лотарија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа