(ВИДЕО) „Така ти е, сине мој“: Северина својата болка ја преточи во нова песна
Северина посвети песна на синот и борбата за правда.
Во финалето на „Суперстар“, хрватската пејачка ја изведе својата нова песна „Така ти е, сине мој“, која ја напиша како одговор на одлуката на судот да му го одземе старателството врз синот.
Во емотивна изведба, Северина ја сподели својата болка и одлучност да се бори за своите родителски права.
Песната, како што самата пејачка изјави, претставува лекција која мајка му ја кажува на своето дете и е посветена на сите оние кои се соочуваат со слични предизвици. Инспирација за довршување на песната и нашле протестите на студентите во Србија, кои ја поттикнале да ја изрази својата поддршка за борбата за правда и слобода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа