Што јадеме: Инспекцијата уништо 2 тона храна со поминат рок и без декларации
Околу 2 тона небезбедна храна уништила Агенцијата за храна и ветеринарство при извршени контроли во повеќе објекти во Скопје, Битола и Охрид.
По доставената иницијатива од граѓани инспекторите извршиле контрола во ланец на тобако продавници при што констатирале дека во повеќе кисоци се продава небезбедна храна по што таа е уништена а сопственикот добил парична казна.
Во угостителски објект во Битола пронајдени се близу 250 килограми небезбедна храна, а дополнително биле затекнати и вработени кои немале извршени соодветни здравствени прегледи како што налага законот.
Во Охрид супермаркет добил 1400 евра казна откако му била затекната сувомесната храна без декларации и со поминат рок како и вработени кои немаат соодветни здравствени прегледи. Во Охрид казна за небезбедна храна добила и една месарница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа