Голем пожар во хотел во Охрид - се евакуираат гостите

 

Голем пожар ноќеска околу 2 часот избил воохридскиот хотел Бренд, јавува Охриднет. Според порталот, огнената стихија ја зафатила кујната на хотелот и рецепцијата. 

Поради густиот дим и огнените јазици, неколкуте гости кои престојувале во хотелот веднаш биле евакуирани. На лице место веднаш пристигнала екипа на охридската противпожарна служба. На двете противпожарни возила кои учествувале во гасненњето на пожарот им требало повеќе од 2 ипол часа за да го исконтролираат огнот. 

Се уште нема информации за висината на материјалната штета. Според првичните сознанија, повредени нема.

26.12.2013 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега