Попоски на состанок во МНР со македонските амбасадори
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ќе одржи редовен работен состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.
- Во рамки на овој важен дипломатски состанок, постојаните претставници ќе остварат посебни средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, претседателот на Владата, Никола Груевски и министерот за здравство, Никола Тодоров, стои во соопштението од МНР.
Ќе присуствуваат и заменик претседателот на Владата Владимир Пешевски, министрите Џери Наумоф, Бил Павлевски и Веле Самак како и директорот за странски инвестиции, Висар Фида.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа