Кичевчанец земал таблички од „мерцедес“ и ги ставил на „волво“ па шверцал мигранти
Вчера во 16.20 часот на автопатот Гевгелија - Демир Капија, кај тунели Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода А.С.(28) од Кичево. При преглед во возилото „волво“, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти и било констатирано дека регистарските таблички припаѓаат на возило „мерцедес“.
Мигрантите биле пренесени во Прифатно – транзитен центар Гази Баба во Скопје, а возилото било сместено во кругот на Регионалниот центар за гранични работи Југ за понатамошна постапка.
За настанот бил запознаен јавен обвинител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа