МВР: Запалени 3 коли и дуќан во Куманово

 

Три запалени автомобили и еден дуќан во Куманово се пријавите кои стигнале во МВР изминатата ноќ.

„На 02.12.2024 во 03.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека бил опожарен деловен објект на улица „11 Октомври“, сопственост на М.Ј. од Куманово. Исто така, било пријавено дека биле опожарени три патнички возила на улиците „Трст“,  „Вардарска“ и „Никола Вапцаров“ во Куманово, и тоа патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Б., патничко моторно возило  „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.Е. и патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ш.. Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово, известен е и јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.“ - се вели во соопштението на МВР.

02.12.2024 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега