Ова се прашањата кои ќе се паднат на екстерното тестирање на 22 јануари

 

Прашата за екстерното тестирање за учениците од завршната година во средно образование веќе се достапни на сајтот на Министерството за образование.

Министерот Спиро Ристовски очекува новиот пристап значително ќе им го олесни екстерното тестирање на учениците кое, како што рече, повеќе нема да се доживува стресно и како табу-тема.

„Задоволен сум од сработеното и од тоа како треба да изгледа целиот систем за да биде многу подостапен. Прилично е унапреден кон потребите на учениците. Очекувам зголемен пристап до базата во наредните денови... Во просек има околу 2.000 до 3.000 прашања по ученик и во зависност од бројот на часовите по соодветен предмет, ќе има од 200 до 400 прашања кои еден ученик ќе треба да ги знае во двата дена на полагањето“- истакна министерот Ристовски.

Бројот на прашања по наставен предмет зависи од тоа колку е тој застапен неделно, така што за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, во просек ќе има околу сто прашања. Двата предмета по кои ќе бидат тестирани учениците, ќе бидат објавени на список три дена пред полагањето.

До 10-ти јануари ќе може да се пријавуваат неправилности или нелогичности во прашањата и сите издржани забелешки ќе бидат разгледани и коригирани од стручен тим. За општи забелешки, пак, кои се однесуваат на проблеми со функционирањето на системот, ќе може да се интервенира во полето контакт.

25.12.2013 - 22:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега