Инцидент во Кичево: Малолетник ги отстранил македонското и албанското знаме од столб за улично осветлување
Завчера во 14,20 часот, на булеварот „Ослободување“ во Кичево, 17 годишно момче од Кичево, го нарушил јавниот ред и мир со неовластено отстранување на државно знаме. Тој, од столб за улично осветлување, со рака го отстранил македонското државно знаме а потоа и едно албанско знаме.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
30.11.2024 - 12:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа