Доаѓа студ: Викендов услови за снег

 

Значително намалување на температурите и снег на одредени места ќе донесе претстојниот викенд. Уште од петок се најавува влажна маса која се очекува во поголемиот дел од земјата да донесе врнежи од дожд а на некои места и снег.
Утрата нема да бидат многу студени. За утре се очекуваат околу 3 степени наутро, температури кои ќе се задржат во утринскиот период и во текот на викендот.
Она што е интересно е тоа што нема да има големи разлики меѓу утринските и дневните температури.
Слично време со температури под 10 степени во текот на денот се очекуваат и во првата недела од декември. Врнежите се очекува да престанат на стартот на идната работна недела
Услови за снег ќе има во петок навечер и за време на викендот во вечерните и раните утрински часови.

27.11.2024 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега