Апсења на повеќе локации во Македонија: Приведени девет лица
Полицијата апсеше на повеќе локации, при што приведени се девет лица.
На 26.11.2024 во 13.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(39) од Скопје.
МВР денеска соопшти дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 26.11.2024 во 17.00 часот во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода И.Д.(48) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и пари во различни апоени и валути. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.11.2024 во 23.20 часот во село Ново Село, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Љ.(26) од село Ново Село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана и една дигитална вага. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против А.Љ. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.11.2024 во 16.30 часот на ул.„Максим Горки“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Б.М(46) и 36 – годишната М.М. од Велес. При преглед во возилото „мини купер“ со кумановски регистарски ознаки, во кое биле затекнати и кај Б.М. била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 25.11.2024 во 19.00 часот во село Ново Село, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.П.(30) од село Ново Село затоа што кај него била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против Д.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.11.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(31) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.11.2024 во 14.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(35) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 26.11.2024 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле С.С.(36) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа