Охриѓанец приведен по втор пат овој месец
Вчера во 01.40 часот на брегот на Охридското езеро кај охридското село Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ ги лишија од слобода М.П.(43) и А.Б.(42), двајцата од охридското село Трпејца.
Тие се сомничат дека сториле кривично дело „незаконит риболов“, а при преглед во нивниот чамец пронајдени и одземени се три рибарски мрежи во должина од по 50 метри. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Инаку, М.П.е познат на службата по извршување кривично дело „незаконит риболов“ и ова е второ лишување од слобода овој месец.
При контроли извршени на 06.11.2024, тој беше затекнат со 101 парче уловена риба Белвица, три рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа