Петковиќ: Приштина гради нелегална база - ќе малтретира Срби

 

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, денеска по повод почетокот на изградбата на уште една илегална полициска база кај мостот Бистрица во Лепосавиќ изјави дека албанските полицајци се наоѓаат на северот на АП Косово и Метохија незаконски и спротивно на договорите постигнати во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Тој изрази очекување дека меѓународната заедница итно ќе преземе мерки за заштита на српскиот народ.

Петковиќ оцени дека министерот за внатрешни работи на привремените институции на Приштина, Џељаљ Свечља, има намера да отвори уште една нелегална полициска база за „малтретирање и пукање на Срби“ на северот на Косово и Метохија, во близина на озлогласениот мост Бистрица кај Лепосавиќ

24.11.2024 - 10:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега