Бочварски: На СДСМ му треба ново раководство со кое ќе се врати довербата кај граѓаните

 

Актуелниот пратеник и поранешен министер за транспорт и врски, Благој Бочварски смета дека на СДСМ потребно ѝ е ново раководство.

Во гостување за ТВ21, Бочварски рече дека партијата е во фаза на консолидација.

-Сметам дека новиот претседател на СДСМ има простор при избор на новите органи и тела, и терба ново раководство на партијата, со кој ќе ја врати довербата на партијата и ќе се врати повторно на победничките.. СДСМ последните избори ги загуби, имаше лош резултат и СДСМ е во фаза на консолидација. Ние сме тука да придонесеме за консолидацијата, рече Бочварски.

 

22.11.2024 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега