Бојковска: 3 милиони евра од Фондот за иновации отишле за сомнителни проекти
„Ве молам во делот на Фонд за иновации и технолошки развој да не ми зборувате за криминали. 3 милиони евра најден криминал во ФИТР, 3 милиони евра најдени проекти коишто сте финансирале со државна помош со пари на граѓаните. За различни видови на вкусна вода, за не знам различни летачки магариња, за рецепт за пица, за хулахопки, за концепт на кафе, за фирми блиски до еден град до вашиот поранешен лидер итн. “ , говореше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска на денешната Комисија за финансии и буџет на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година.
Бојковска јасно даде до знаење дека во делот на ФИТР ќе следува детална ревизија. Напомена дека Битиќи и самиот знае што се случувало по однос на финансирање на проекти, но посочи дека ќе остави институциите детално да го решат овој случај.
„Се согласувам дека во наредниов период институциите ќе имаат многу работа. Така да во делот на ФИТР знаете и многу повеќе и детално што всушност е финансирано таму и надлежните ќе ги отворат овие информации“ , децидна беше Бојковска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа