Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот

 


На вториот ден од амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет од собраниската говорница говореше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која се обрати до пратеникот и поранешен претседател на Уставниот суд, Сали Мурати.

„Јас сум постојано со гостиварчани, со сите и кога беа изборите, последниве, од Врапчиште ми рекоа да ве поздравам тука во парламентот затоа што ве немаат видено во Врапчиште, а вака од говорница убаво е да кажувате за Турците. Што Сали Мурати како претседател на Уставен суд направил за турската заедница кога имал можност? Дали тогаш бевте толку гласни? “, вели Стојаноска.

Таа појасни дека кога станува збор за малцинските заедници во Гостивар и прашањата кои нив ги засегале во минатиот период, како што се случајот со Законот за јазици, обидот за затворање на паралелка на турски јазик во гимназијата во Гостивар и слични на нив, биле застапувани токму од неа, како претставник на сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ која подеднакво ги третира сите граѓани, како што впрочем и треба да е.

„Според мене, многу е поважно колку членовите на една влада ќе направат сите да се чувствуваат еднакво во државата без разлика на која етничка припадност припаѓаат, важно е што ќе направат министрите како министри за сите етнички заедници во оваа држава“, заклучува Стојаноска.

20.11.2024 - 15:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега