Марков: Владата со историски чекор - покажа како треба да се работи за медицинските работници

 


Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа како треба да се работи за медицинските работници. Потпишаниот Анекс на Колективниот договор во здравството трајно ги решава проблемите на медицинските работници, изјави на денешната прес-конференција Петар Марков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера владата донесе историска одлука, со која се предвидува  повисока плата за сите вработени во здравството со нето износ 2,450 денари. Ова ги опфаќа сите вработени во јавните здравствени установи од технички и среден медицински персонал до лекари и администрација. Особено важно е тоа што средниот медицински персонал или медицинските сестри ќе добијат нето покачување од 3,850 денари, рече Марков.

Марков нагласи дека исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата.

„Ова покачување на платите во овој сектор е само вовед во демонстрацијата на заложбите и вреднувањето на здравствените работници кое ќе трае во тек на целиот мандат на оваа Влада.

Конечно вработените во здравството нема да се молат за покачување или валоризација на нивната работа, затоа што планот за зголемување за текот на целиот мандат изнесува над 40%.

Имено, со овие покачувања, во 2024-та година средствата за плати во здравството се покачуваат за 10%.

Дополнителни 5% покачување на платите се предвидени за 2025-та година, 5 до 7% за 2026-та година, уште 5 до 7% во 2027 година и 7 до 10% во 2028-та година.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи за здравствените работници и здравството. Парите наместо за матни тендери, сега одат за подобри услови за вработените и пациентите“, нагласи Марков.

20.11.2024 - 13:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега