24-годишно момче од Кочани заврши зад решетки - ќе лежи казна затвор од седум години

 


Вчера во 18.40 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од Одделение за потраги при МВР го лишиле од слобода М.А.(24) од Кочани. Тој бил баран по распишана потерница за издржување казна затвор во траење од седум години за сторено кривично дело „разбојништво“.

При преглед кај лицето, пронајдена е марихуана.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

13.11.2024 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега