Николиќ се плаши дека го прислушкуваат
Како што пренесува српскиот портал „Прес онлајн“ прислушкувањето ги скара претседателот и премиерот на Србија.
Порталот посочува дека претседателот Николиќ не е задоволен од работата на премиерот Дачиќ како министер за внатрешни работи и смета дека недостатокот на контрола во МВР е причина за прислушувањето на неговиот телефон.
Премиерот на Србија смета дека полицијата не го прислушкува телефонот на Николиќ.
Од кабинетот на српскиот претседател изјавиле дека од моментот кога се појавил скандалот со прислушувањето, зголемена е безбедноста на Николиќ. Никој во претседателството не може да влезе со мобилен телефон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа