ДУИ: Ова е партизација на судството - стануваме заробена држава
Демократската унија за интеграција остро реагира на обидот за брутална партизација на судството и обвинителството преку партиски интервенции во советот на обвинители - се вели во соопштението на ДУИ
„За член на советот на обвинители е предложен Ардијан Демири, член на Демократското движење на Изет Меџити.
Ова е неприфатливо и претставува флагрантно партиско мешање во судските и обвинителските органи.
Пратениците да не прифаќаат партизација на обвинителскиот совет, додека ги повикуваме граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница да реагираат на изборот на партиски кандидати за членови на обвинителскиот совет.
Европската Унија будно ги следи одлуките на Владата и на собранието и овие постапки не оддалечуваат од Европа и европските вредности и не враќаат во заробена држава.“ - велат од ДУИ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа