По поразот на Харис, се огласи Бајден: Таа го вложи своето срце

 

Џо Бајден американскиот претседател во заминување денеска му се обраќа на светот откако Камала Харис беше поразена на претседателските избори од Доналд Трамп.

Бајден и се обраќа на нацијата од Белата куќа. Иако неговото обраќање беше закажано за 11:00 часот по локално време (17:00 часот по наше), претседателот доцнеше повеќе од 20 минути. На почетокот на своето обраќање, Бајден им рече на новинарите дека е добро да се видат. „Повеќе од 200 години, Америка го спроведува најголемиот експеримент во управувањето во целиот свет, ова не е хипербола, туку факт, каде што луѓето гласаат и избираат свои лидери и тоа го прават во мир“, рече Бајден. Тој рече дека вчера му се јавил на Трамп и му ја честитал победата. „Му реков дека јас и мојот тим ќе направиме се за транзицијата да биде мирна и уредна. Тоа е она што американскиот народ го заслужува“, рече Бајден. Тој исто така истакна дека разговарал со Камала Харис. Тој се пофали како ја водела кампањата. „Таа го вложи своето срце во ова“, рече Бајден. Претседателот рече дека за некои е „време за победа“, за други „време за губење“. „Кампањите се конкуренција. Земјата избира едно или друго, ние мора да прифатиме што ќе избере земјата. Многупати сум кажал дека не можете да ја водите својата земја само кога ќе победите“, рече Бајден.

Да потсетиме, Бајден вчера телефонски му се јави на Трамп и се договорија наскоро да се сретнат и да разговараат за транзицијата меѓу администрациите. Засега не е договорен датум.

07.11.2024 - 17:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега