Рекордна заплена на кокаин во Шпанија: 13 тони дрога скриени во банани
Шпанските власти денеска нанесоа тежок удар врз меѓународните нарко-картели со заплена на рекордни 13 тони кокаин.
Дрогата, скриена во контејнери со банани од Еквадор е откриена во пристаништето Алгесирас. Ова е најголемата заплена на кокаин во историјата на Шпанија и една од најголемите во Европа.
Во операцијата е уапсено едно лице, а се пребаруваат и други осомничени.
06.11.2024 - 17:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа