Мицкоски: Да потрошиме ли 10 милиони евра за СДСМ да дожвиее уште потежок пораз?
Не верувам дека СДСМ и ДУИ се подготвени за избори. Потонаа во фотелјите во Собранието кога ја дадовме понудата, рече Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
„Оваа Влада има мандат од 4 години, ако влегуваме во такво вертиго, нема да успееме да г постигнеме целите. Наша цел е да донесеме нешто добро за граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да оди на избори утре, но дали треба да потрошпиме 10 милиони евра на граѓаните, да не испоачуваме реформи, само за СДСМ да се соочи со уште еден пораз од граѓаните кој што ќе биде поголем од претходниот.“ – рече Мицкоски.
Тој додаде дека локалните избори се за многу брзо време и на нив ќе може да се види која од политичките партии колку сила има. На опозициските партии, Мицкоски им предложи кадровски да се освежат и со нова понуда да се обидат да ги привлечат граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа