Подгответе се: Неколку скопски општини утре ќе останат без струја
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Сарај и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК - Скопје.
Во периодот од 08:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Боривое Милошевски“, „Вера Радосавлевиќ“, „Зенден Џемаил“ и објектите кај Кванташки пазар во Општина Гази Баба.
Во периодот од 09:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Кондово (сред село), Волково, Кучково, Грачани, Караула Чашка, Радуша, Дворце, Орашје, Рашче, Бојане, Копаница и Свиларе во Општина Сарај.
Во периодот од 10:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците селото Бардовци, улица „1687“ од бр.54 до бр.40 во местот Шамак во Општина Ѓорче Петров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа