Евровизија воведува нови правила
Евровизија 2025 ќе донесе значајни промени во начинот на кој се третираат уметниците. По критиките за небезбедни работни услови и недостаток на приватност во минатата година, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) воведува нови правила со цел да се обезбеди поголема безбедност и добросостојба за сите учесници.
ЕБУ за „Евровизија 2025“ реши да воведе и „продуцент на добросостојба“ кој ќе се грижи за уметниците и персоналот… Како дел од новите правила на однесување и протоколарни должности и заради поголема одговорност за сите вклучени во настанот.
„Протоколот е насочен на обезбедување безбедност, благосостојба и успех на сите уметници-учесници. Тоа ја нагласува заедничката одговорност на ЕБУ, домаќинот и радиодифузерите коишто учествуваат во заштитата на уметниците од непотребна физичка или емоционална вознемиреност. Протоколот дава насоки за шефовите на делегации за ефективна поддршка на уметниците, минимизирање на опасностите и поттикнување позитивно искуство во текот на нивното учество на Изборот за песна на Евровизија“, соопшти ЕБУ.
Новите правила, меѓу другото, пропишуваат: зони за неснимање на битниот простор на уметниците, со цел на учесниците да им се обезбеди приватност и подготовка за нивните изведби, повеќе проби зад затворени врати за да им се помогне на уметниците да се сосредоточат на нивните изведби без одвлекување на вниманието, оптимизирани распореди на проби заради сигурност дека уметниците имаат многу време за одмор и уживање во градот-домаќин, воведување продуцент за добросостојба, кој би бил клучна точка за контакт за уметниците и персоналот за средина каде што ќе владее безбедност, почит и поддршка.
Овие промени се осмислени и како гаранција дека уметниците ќе бидат самоуверени на сцената пред медиумите и публиката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа