Вицепремиерот Меџити: Не гледам никаква смисла за избори

 

 

Вицепремиерот Изет Меџити во врска со прашањето за предвремени избори во Дневникот на ТВ Сител истакна дека Владата е стабилна и има 78 пратеници со тенденција да стигне до 80 пратеници.

„Владата има 2/3 мнозинство. Имаме програма на Владата пред себе. Сме се нафатиле на тоа што беше фокус на Владата. Не гледам никаква смисла. Далеку се изборите, дури и локалните избори се далеку ние да отвориме сега тема за избори“, изјави Меџити за Сител ТВ

Според Меџити ваквите теми се во интерес на ДУИ за да го задржат вниманието на своето членство за да не им избегаат.

05.11.2024 - 21:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега