Костовски: Бутел е најтранспарентна општина

 

ОПШТИНА БУТЕЛ Е НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН!, информира градоначалникот Дарко Костовски.

Според државната агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, Општина Бутел се наоѓа на првото место по транспарентно работење во скопскиот регион.

-Кога станав градоначалник Општина Бутел беше на дното од сите мерила за транспарентно работење, три години подоцна сме на самиот врв на табелите како пример за транспарентно работење на една општина.
Едно од предизборните главни ветување ни беше токму ова, транспарентно и отворено работење на Општина Бутел.
Успеавме да ја исправиме општината, нема да застанеме тука, пишува Костовски на Фејсбук.

01.11.2024 - 17:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега