Андоновски: Владата овозможува дигитализација на личните документи и подобра поврзаност во дигиталниот свет

 

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ гостуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски кој зборуваше за современиот свет, за модерните индустрии, за тоа како  Македонија ќе  оди напред кон дигитализацијата, a со сето тоа и да се намалат гужвите во  институциите. Андоновски исто така стави акцент на сите оние чекори и процеси кои ќе ги спроведе министерството за полесно и успешно функционирање на граѓаните во државата.

Во поткастот министерот образложи како треба младите да се заштитат во сајбер просторот од евентуални закани и посочи дека како фактор на социјализацијата родителите односно семејството се на прво место и треба да помогнат во тоа, да се вклучат активно во целиот тој процес на воспитување, но и дека покрај тоа министерството е секогаш присутно за помош во таа насока.

„Прв заштитен механизам за младите на интернет особено за малолетниците мора да бидат нивните родители, не може државата да влезе во диктатура на забрана во сајбер просторот затоа што дел од родителите семејствата без да ме сфатат погрешно, не воспоставуваат начин на комуникација со своите деца во којшто знаат со што тие деца се справуваат на интернет и во исто време не ги користат таканаречените родителски контроли коишто постојат и на телефоните и на телевизорите , особено на смарт уредите“, рече Андоновски.

Исто така тој наведе дека ќе има проект кој ќе даде ресурси за побезбеден интернет, а сето тоа ќе биде во склоп со училиштата како би се постигнало надминување на евентуалните проблеми на интернет просторот, пријавување на истите и успешно справување со нив.

„Ќе имаме кол центар, центар за поддршка на лица коишто ќе се соочат со некоја закана опасност на интернет и каде што ќе можат да пријават и да добијат ресурс како да го надминат проблемот, во исто време преку тој проект ќе работиме и со училиштата, педагози, психолози ќе работат со деца со родители, на кој начин да им дадеме повеќе ресурс да можат да се справуваат со овие закани на интернет“, изјави Андоновски.

Министерот исто така најави и што се планира во однос на подобрување на дигиталните услуги, дека ќе се оди процес по процес во таа насока се со цел граѓаните да ги имаат сите дигитални алатки на располагање а за таа цел дека е потпишан грант договор со ЕУ за дигитализација на личните документи.

„Имаме одлука на владата со којшто ќе го потпишеме грант договорот од Европската унија имаме 1,2 милиони евра грант од ЕУ за дигитализација на личните документи и супер апликација тоа е нешто ново што ќе дојде во 2025 година, тоа ќе биде една апликација којашто ќе ги собере во едно место сите услуги за граѓаните и којашто внатре во себе ќе содржи дигитална форма на лична карта и возачка дозвола за почеток“, вели Андоновски

11.12.2024 - 21:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега